| четврток, 6 декември 2018 |

САД ѝ забрани на Раша Тудеј да известува од Конгресот

На руската телевизија РТ, која во САД принудена да се регистрира како „странски агент“, одземена и е акредитацијата за известување од американскиот Конгрес во Вашингтон.

Одборот новинари кој одлучува за доделување акредитации за Конгресот соопшти дека акредитацијата за РТ е поништена со едногласна одлука.

– Таа мерка е преземена како одговор на регистрирањето на ТиР Продакшн ЛЛЦ – компанијата која управува со РТ, како странски агент, се наведува во објаснувањето во писмото кое на рускиот медиум го испрати Краиг Каплан, претседател на Извршниот одбор на конгресните радио и телевизиски известувачи.

Тој додаде дека акредитациите, според правилата на одборот, „не се даваат на подносителот вработен кај која било странска влада или нејзин претставник“.

Министерството за правда на САД во септември побара од РТ да се регистрира како „странски агент“ бидејќи информативната служба проценила дека таа телевизија е „главен меѓународен пропаганден медиум на Кремљ“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top