| четврток, 6 декември 2018 |

Ги перете алиштата на 60 степени, правите грешка

Што е потопла водата, толку се почисти алиштата: Сите ние веруваме во тоа, но всушност не е вистина.

Без многу филозофирања вистината е оваа: Шарените и црните алишта ги переме на 40 степени Целзиусови, а белите и особено валканите на 60. Така сме научиле од нашите мајки. Но, денес тоа правило е веќе застарено.

Перењето алишта на 60 степени Целзиусови е сосема непотребно. За почеток, тоа е бесмислено трошење енергија, а и наштетување на околината. Тврдокорните дамки се перат и отстрануваат и кога алиштата ги перете на 40 степени Целзиусови.

Со модерните машини и детергенти за алишта, дури ни средствата за отстранување дамки не се потребни, туку се сметаат за помагачи во одредени работи.

Значи, поголемата температура значи и повеќе потрошена електрична енергија и пари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top