| четврток, 6 декември 2018 |

И вечерва Македонија се гуши: Во Лисиче не се дише, Битола и Тетово со многу висока загаденост

Воздухот низ цела Македонија и вечерва е критично загаден. Според податоците од мерните станици кои можат да се видат преку апликацијата Мој Воздух, концентрацијата на штетните ПМ честички се далеку над дозволените граници во скоро сите градови каде што има голем број на жители.

Па така во Тетово вечерва има 232 микро грама ПМ честички на метар кубен, во Битола 260 и 226, покажуваат двете мерни станици, а Кичево е нешто помалку загадено со 179 микро грама ПМ честички на метар кубен.

Мерната станица во Лисиче како по обичај покажува најголема загаденост од дури 415 микро грама ПМ честички на метар кубен, Карпош е со 194, а и мерната станица кај Ректорат покажува исклучиво високо загадување од 358 микро грама ПМ честички на метар кубен.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top