Адвокатот со повеќегодишно искуство пред Хашкиот трибунал, Горан Микуличиќ изјавил дека шишенцето со отров кое го испи Слободан Праљак многу лесно можело да се внесе во судницата.
Како што вели, постојат контроли пред влез во судницата, но истите не се детални за да може да се открие шишенцето.
Праљак без никакви проблеми можел шишенцето со отров да го внесе во своите чевли.
Секој затвореник има право на посета од роднините, пријателите, адвокатот и новинари, но во притворот никој освен адвокатот не смее да влезе со чанта.
-Ако станува збор за ваква супстанца, истата многу лесно може да ја донесе било кој, доколку се работи за предмет кој не реагира на рентген. Ако навистина се работи за отров, тоа е невозможно да се открие – вели адвокатот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст