| четврток, 6 декември 2018 |

Милена Антовска: Во последен момент Лана доби друго име

По три месеци откако се породи и на свет ја донесе својата ќеркка, ТВ-водителката Милена Антовска првпат се појави пред камери, но овојпат како гостинка за на гледачите да им ги открие највозбудливите и најубавите моменти од животот со новиот член на семејството.

Таа раскажа дека ужива во мајчинската улога, за гостите во студиото зготви и шпагети, но исто така откри дека и недостига работата и комуникацијата со гледачите.

Милена откри и дека со Гордан се решиле да го променат името на ќерката, односно на првото име Лана, кое било идеја на сопругот, да го додадат и името Марија, бидејќи била родена на 28 август, на Голема Богородица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top