| четврток, 6 декември 2018 |

СЕХА лига: Вардар го надигра Нексе

Шампионот на СЕХА лигата Вардар ја постигна и осмата победа во СЕХА лигата откако вечерва на гости го совладаа хрватскиот вицепрвак Нексе со 30:21. „Црвено-црните“ имаат максимален учинок во ова натпреварување и со 24 бодови се наоѓаат на првата позиција.

Домаќинот Нексе равноправен ривал беше само во првите 10 минути кога и последенпат поведе со 5:4. Во продолжението на дуелот ракометарите на Вардар беа подобри и постојано го зголемуваа водството.

Најефикасни во редовите на Вардар беа Даинис Кристопанс со 6 голови, додека Лука Циндриќ и Иван Чупиќ постигнаа по 5. Голманот Страхиња Милиќ имаше 12 одбрани. Кај Нексе Иван Сршен беше стрелец на 6 голови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top