| четврток, 6 декември 2018 |

Пратеничката Пешевска доцна синоќа излезе од судот (ФОТО)

Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Жаклина Пешевска доцна синоќа излезе од Основниот суд, каде беше поздравена од присутните и пречекана од трите малолетни деца, како и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

Неофицијално, Судот одреди притвор за повеќе од 10 лица, но решенијата не се изготвени. Секој од нив се сомничи  терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста на државата, а во врска со насилствата во Собранието на 27 април годинава.

Распитот на притворените продолжи до доцна синоќа, а деталите се очекува да бидаат сопопштени денеска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top