Србија на 28 јуни ќе добие датум за почеток на преговорите за членство во Европската унија, пишува српски „Курир“ повикувајќи се на дипломатски извори. Според српскиот весник, преговорите треба да почнат во јануари следната година, а не во октомври, како што се надеваа во Владата на Србија.
– Во владата се задоволни од постигнатото, но не се пресреќни затоа што очекуваа почеток во октомври – вели изворот на Курир.
Српскиот премиер Ивица Дачиќ изјавил дека со зачленувањето на Србија во ЕУ нема да добие само Србија, туку и Европа, која ќе добие народ и држава која никогаш не водела освојувачки војни.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


