| четврток, 6 декември 2018 |

Позната македонска пејачка ќе се натпреварува во „Ѕвездите на Гранд“

Во следните изданија на популарното регионално музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“ гледачите од Македонија ќе имаат можност да навиваат за една наша позната пејачка која наскоро ќе застане пред жирито на големата сцена.

Поп-пејачката Елена Миленковска е сериозна во намерата да го освои регионалниот музички пазар и потврдува дека годинава ќе биде дел од ова големо музичко натпреварување.
– Предизвикот беше голем и решив да го прифатам. Годиниве наназад видов дека и поп-музиката, најмногу после освежувањето на членовите во жирито, почна сè повеќе да се пее од кандидатите во шоуто, а и самата продукција во неколку наврати потенцираше дека ѝ требаат и ексклузивци кои пеат забавни песни. Тоа беше доволна причина да застанам на таа голема сцена“, вели Елена, додавајќи дека конкуренцијата е навистина голема, но секој со својата среќа, а за исходот од нејзиниот настап ќе дознаеме во премиерната емисија наскоро.


Извор: Радиомк.ком

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top