Ако некој умее да осмисли нови начини за позирање без облека, тоа сигурно е Ким Кардашијан Вест, која денеска се појави на Инстаграм сосема гола. Но водечката светска ријалити ѕвезда овојпат не позира само „поради позирање“. Нејзиното голо тело носи посилни причини. Имено Ким на интернет осамна гола како би ги преставила новите производи на својата козметичка линија ККВ Бјути, сјаеви и хајлајтери.
Би помислиле дека има многу други начини да се рекламира шминка, но кога е Ким во прашање, ваквиот маркетиншки потег е единствена можна опција. И многу ефектна. За само еден час нејзното златесто издание освои милион лајкови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.