| четврток, 6 декември 2018 |

Протестот на ВМРО-ДПМНЕ пред Кривичниот суд продолжува и во вечерните часови

Пратеникот Крсто Јовановски во својот говор пред Кривичниот суд рече дека утрово приведените учесници во насилствата од 27 април во Собранието, се нелеигитимно приведени од страна на полицијата.

Јовановски рече дека не може да му се суди на пејачот Дурловски, актерот Владо Јовановски, режисерот Борис Дамовски за тероризам кога тогашната опоизиција извршувала тероризам избирајќи, како што рече, нелигитимен претседател на Собранието.

Јовановски го повика претседателот Ѓорге Иванов со своите механизми да ја исправи грешката, а на судиите и полицијата им порача дека слушаат власт која сака да воведе двојазичност и да го промени името.

Пред судот се уште е присутен лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top