Српската министерка за транспорт Зорана Михајловиќ денеска изјави дека Србија нема да воведе вињети за возење по автопатиштата.
– Воведувањето вињети ќе го пренасочи сообраќајот кон регионалните и локалните патишта, што ќе довее до нивно дополнително оштетување, а ние секако не би можеле да наплаќаме патарина и на регионалните патишта. Тоа се причините зошто остануваме на системот на електронска наплата на патрините, изјави Михајловиќ при отпочнувањето на градежните работи на новата железничка линија Белград – Будимпешта.
Министерката изјави дека наплатата на патарините со електронскиот систем пораснала од 5 до 7 проценти на 40 проценти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.