Уапсениот поранешен каталонски вицепремиер Ориол Жункерас и уште тројца притворени членови на неговата партија Републиканска левица на Каталонија (ЕРЦ), денеска најавија дека ќе ја почитуваат одлуката на Врховниот суд на Шпанија за ставање на Каталонија под контрола на шпанската централна власт.
Жункерас е еден од осумте членови на резрешената регионалната Влада на Каталонија, кои беа уапсени на 2 ноември, под обвинение за незаконско прогласување независност на регионот од Шпанија.
Адвокатот на обвинетите изјави дека тие не се согласуваат со одлуката на шпанската Влада, која го aктивираше членот 155 од Уставот на Шпанија и ја суспендираше каталонската автономија, но го прифаќаат овој чекор.
Изјавата на адвокатот дека обвинетите го прифаќаат решението на Судот, може да доведе до укинување на одлуката за притвор на Жункерес и да му биде дозволено да се кандидира на регионалните избори закажани за 21 декември
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст