| четврток, 6 декември 2018 |

Протестирачите се топлат со чај и музика пред судот

Собраните граѓани, членови и симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ кои протестираат пред Основниот суд се загреваат со чај и македонски народни песни. Големо тенџере и плински боци беа донесени пред Кривичниот суд.

Пред некое време пристигнаа и агрегат и озвучување по што одекна партиотска музика.

ВМРО-ДПМНЕ повика на протести откако утрово беа приведени 36 лица, меѓу кои пратеници и функционери од опозицијата, за настаните во Собранието на 27 април.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top