| четврток, 6 декември 2018 |

Џафери: Албанците се значаен и интегрален дел на Република Македонија

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, ги честита Денот на албанското знаме и Денот на независноста на Република Албанија.

„Дозволете ми да го честитам 28 Ноември, Денот на албанското знаме, и во исто време и Денот на независноста на Република Албанија, наш сосед и пријателска земја. Овој ден се негува во колективната меморија на сите припадници на албанскиот народ, а Албанците се значаен и интегрален дел на Република Македонија“, се вели во честитката.

Денеска, додава Џафери, кога се одбележува 105-годишнината од кога истакнатиот дипломат Исмаил Ќемали заедно со делегати од различни албански градови го истакна националното знаме во Валона, Албанците каде и да се наоѓаат празнуваат бидејќи тоа е важен сегмент во албанската национална културна ренесанса.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top