| четврток, 6 декември 2018 |

Возач удрил девојче-пешак и избегал

Вчеравечер околу 19.30 часот на крстосницата од ул. „Климент Охридски” со ул. „Братство Единство” во Струмица се случила сообраќајна незгода во која патничко возило непозната марка и регистарска ознака, управувано од непознато лице, удрило во пешакот Џ.Т. (17) од село Градошорци, по што го напуштило местото на настанот.

Џ.Т. се здобила со тешки телесни повреди и по укажаната лекарска помош била задржана на лекување во Медицинскиот центар Струмица.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Струмица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top