Владо Јовановски, познат македонски театарски, филмски и телевизиски глумец е уапсен во раните утрински часови како најголем криминалец пред очите на неговото семејство.
Владо Јовановски е еден од најпознатите актери во Македонија. Тој завршил Факултет за драмски уметности во Скопје и е член на драмата при Македонскиот народен театар е од 1993 година.
Пошироката публика во Македонија го памти по серијалот „Истражи ја Македонија“ каде на еден многу необичен но привлечен начин ги презентираше неоткриените убавини на Македонија.
Но, освен ова, Владо Јовановски има играно во речиси секој поголем филм што се снимал на територија на Македонија. Ослободување на Скопје, Лазар, Трето полувреме, Бал-кан-кан, Големата вода, Прашина, Збогум на 20-тиот век, Преку езерото се најпознатите филмови од опусот на Владо Јовановски. Е овој актер со ваков стаж позади него докажан патриот е уапсен доцна сабајлево од партиската полицијата на СДСМ.
Овој настан се случува во момент кога власта предводена од СДСМ и Зоран Заев подготвува закон за широка амнестија се со цел ослободување на голем број на криминалци осудени за тешки кривични дела.
Додека власта се занимава со апсење на видни членови на ВМРО-ДПМНЕ, актери и луѓе кои животот го посветиле на промоција на Република Македонија насекаде во светот во Македонија целта на ова власт е повторно да се врати во време каде владее криминалот, корупцијата и безаконието, а пресметките и рекетирањето стануваат секојдневна појава.
Предметот Монструм каде брутално и свирепо беа ликвидирани 5 луѓе од страна на Алил Демири, Африм и Агим Исмаили, Фејзи и Хаки Азири, Сами Љута е вратен повторно на судење. И не само што е вратен туку има и можност овие убијци да се бранат од слобода, односно да бидат пуштени дома. Во тааа насока се движи и предметот Диво Насеље.
Терористите што пукаа врз македонските безбедносни сили, терористите што убија припадници на македонските сили, терористите што во заложништво држеа цел ден град има тенденција и тие да бидат пуштени дома. И додека власта полека но сигурно ослободува криминалци како Агим Красниќи кој се закануваше дека ќе го гранатира Скопје беше пуштен пред изборите, сега почнува да апси видни личности од културно- политичкиот живот во Македонија.
Игор Дурловски, Владо Јовановски, Жаклина Пешевска, Крсто Муковски и уште 30-тина се уапсени или приведени поради тоа што во одреден миг решиле дека си ја сакаат државата и по секоја цена ќе се борат за неа. Тенденцијата на оваа власт е јасна. Да се испрати порака до сите оние кои во одреден момент ќе решат дека е време да застанат на страната на правдата ќе бидат уапсени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст