| четврток, 6 декември 2018 |

Повеќе од 100 родители добиле прекршочни пријави зошто не ги вакцинирале децата

Повеќе од 100 родители годинава добиле прекршочни пријави зошто не ги вакцинирале децата. До Државниот санитарен и здравствен инспекторат се доставени уште 94 известувања за семејства кои го прекршиле законот за заштита на населението од заразни болести.

Бројката од само околу 200 пријави за невакцинирани деца е релативно мала имајќи го во предвид фактот дека процентот на имунизација посебно со МРП во Скопје е паднат на 67 проценти. Од ДСЗИ се категорични дека реагираат за сите случаи за кои ќе добијат писмено известување од породилиштата и од Центрите за вакцинација.

– По доставените информации родителот се повикува на порамнување односно доколку се согласи плаќа половина од глобата која за ова изнесува од 300 до 650 евра, во спротивно се поднесува прекрочна пријава до соодветниот суд, изјави д-р Ирина Сотирова Бухова, директор на ДСЗИ, за „Сител“.

Од ДСЗИ пак велат дека откако ќе поднесат прекршочни пријави речиси никогаш не добиваат повратен одговор дали судовите постапиле по истите.

И додека кај нас Центрите не пријавуваат, а нема информации дали некој платил казна во соседна Србија родители и лекари најавуваат кривични пријави против јавни личности кои ширеле паника и воделе кампања против вакцинирањето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top