| четврток, 6 декември 2018 |

Додека ја притворале пратеничката Пешевска за наводен тероризам, се слушал плачот на трите малолетни деца

Во 5 часот изутрина со кршење на вратата полицајците упаднале во домот на пратеничката Жаклина Пешевска која е мајка на три малолетни деца.

Маскираните полицајци и Алфите без прашање и предупредување започнале да превртуваат дел од имотот на пратеничката додека трите малолетни деца плачеле од страв и ги молеле полицајците да не го прават тоа.

Спореди индормации до кои дојде Република, еден од полицајците им се обратил со зборовите „бегајте да не ве гледаме”. Еден од полицајците замавнал по малолетните деца, на што остро изреагирал нејзиниот сопруг.

Жаклина Пешевска е пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ и една од осомничените за настаните за 27 април.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top