Денешниот упад и приведувањето на функционери на ВМРО-ДПМНЕ и недолжни граѓани е последниот чин на пресметка со слободномислечкиот Македонец и граѓаните кои се одважија да кажат став за разградувањето на државата, против Тиранската платформа, против насилието на власта.
Зоран Заев и СДСМ брутално удираат против секој кој мисли македонски и се грижи за нанционалните интереси, за да се отвори пат за промена на името на државата, индентитет, јазикот, историјата, црквата и да се воведе двојазичност.
Во исто време кога се разговара во влада за законот за амнестија, во затвор и за тероризам се обвинуваат оперски пејач- татко на три деца, актер, режисер кој е татко на две деца, доктор – татко на три малолетни деца, архитект.
Додека се удира кон интелегенцијата, напредното во општеството, се пуштаат на слобода убијците на децата на Смилковско езеро, се враќа на повторно разгледување случајот со Диво Насеље каде беа убиени 8 македонски бранители, се пуштаат на слобода криминалци како Бајруш Сејдиу, Агим Красниќи и останати криминалци.
Оперски пејач, режисер, актер, доктор, архитект треба да одговараат за тероризам, каде минималната казна е 10 години затвор. Тоа се токму оние кои се спротивставија на Тиранската платформа со која се носи двојазичност, промена на унитарниот карактер на државата.
Влезот на граѓаните во Собранието беше реакција на акцијата на СДСМ и Заев насилно да го изберат Талат Џафери со цел да ја спроведат својата тиранска агенда која еве сега се оделотворува.
На крај, ударот е и на пратеничката група која не успеаа да ја разградат на друг начин и сега се оди на физичка елеминација на компактноста на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, за да во Собрание помине се што сакаат и е на дневна агенда.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст