Како Димитар Блажевски, роден 1985 година, од скопската населба Бардовци, е идентификуван едниот од убиените оружени разбојници кои вчера пред 17 часот се обидоа да ја ограбат менувачницата „Македонија“ во Кисела Вода.
-Идентитетот на вториот разбојник до вчера вечерта на истражителите не им бил познат, бидејќи според полициската евиденција многу си личел со брат му, па полицајците не биле сигурни кој точно е убиениот. Дури утринава, истражителите, како што дознаваме од ОЈО, се информирани за идентитетот на второубиениот разбојник. Но, неговиот идентитет засега не се открива, пишува Плусинфо.
Утврдено е дека во нив пукал сега повредениот сопственик на менувачницата 58-годишниот Гоце А. од Скопје. Тој со својот пиштол кој го чувал под пултот ги застрелал разбојниците откако го претепале и сакале да избегаат. Во инцидентот Гоце А. бил тешко повреден, но после укажаната лекарска помош е пуштен на домашно лекување.
Оваа менувачница во последните шест години втор пат е цел на оружани разбојници. Тогаш во истиот сопственик беше пукано и беше ранет во левата нога. Поради повредата тој има проблем со движењето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст