Во ЕУ постои се повеќе волја да се разгледа членството на земјите од Западен Балкан со што би се гарантирал мирот во регионот, изјави денеска еврокомесарот за проширување Јоханес Хан.
– Меѓу државите членки на ЕУ постои повеќе желба да се позанимаваат со проширувањето отколку пред една година, истакна Хан за австрискиот весник „Винер цајтунг“.
Тој нагласи дека „земјите членки сфатија дека мирот може да се осигура на Балканот, а перспективата за членство во ЕУ е клучна за тоа“.
Хан оцени дека Западен Балкан и 20-те милиони луѓе кои живеат во тој регион се многу привлечен пазар за ЕУ и потенцираше дека „нова држава-членка не е товар, тугу богатство“.
Воедно, Хан истакна дека не се согласува со идејата „Европа во повеќе брзини“, бидејќи тоа би довело државите-членки да се оддалечат едни од други. Наместо тоа би требало да се вложат напори за послабите држави да зајакнат, а со тоа и цела ЕУ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст