Пакистанската полиција соопшти дека уапсила 10 лица осомничени за убиство на млада брачна двојка која самоволно стапила во брак во градот Карачи.
„Абдула Хадија (24) и Хасину Биби (19), кои се венчале на почетокот на овој месец, биле убиени од страна на нивни роднини минатата недела затоа што се венчале без одобрение од постарите роднини“, изјавил Касим Хамид, претставник на полицијата.
Телата на момчето и девојката биле пронајдени на локалните гробишта, а потоа биле уапсени таткото на младоженецот и девет негови роднини, а таткото на невестата избегал.
Уапсените признале дека по наредба на племенскиот совет „Џирга“ со нож ги усмртиле момчето и девојката затоа што, како што навеле, не ги почитувале обичаите на Паштуните, етничка заедница која живее во Пакистан.
Годишно во Пакистан речиси 1.000 жени се убиваат во името на одбрана на честа затоа што се омажиле без согласност од семејството или се обиделе да избегаат од договорен брак.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст