| четврток, 6 декември 2018 |

Безживотните тела на разбојниците изнесени од менувачницата во Кисела Вода (фото галерија)

Во попладневните часови, поточно во 16:35 часот во Единицата за известување и команда добиена е пријава дека на улицата “Борис Трајковски“ во Скопје, во менувачница, имало пукање од огнено оружје, информираат од МВР.

Истрели од огнено оружје повторно ги вознемирија скопјани, а улиците на главниот град повторно се натопени со крв.

Среде бел ден двајца напаѓачи се обиделе да извршат разбојништво во менувачницата. Лицето во менувачницата одговорило и двајцата напаѓачи најверојатно се починати.

Полициски екипи од СВР Скопје веднаш по дојавата излегоа на местото на настанот каде што во присуство и надлежност на дежурен јавен обвинител е започнат увид.

-Според првичните сознанија, две засега непознати лица, на чија што идентификација се работи, влегле во посоченото време во менувачницата во која што се наоѓал сопственикот на истата Г.А. (58) од Скопје. Во обид да извршат разбојништво и вооружени со огнено оружје, настанала, прво, физичка пресметка со сопственикот на менувачницата, по што Г.А. посегнал по пиштол и пукал во правец на напаѓачите кои починале на местото на настанот, стои во полициското соопштение.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top