| четврток, 6 декември 2018 |

Приведен сопственикот на менувачницата кој застрела двајца разбојници (видео)

Неколку часа по двојното убиство во менувачницата во Кисела Вода, сторителот е одведен во полициска станица. Идентитетот на убиените засега не е познат.

Убиството се случи попладнево околу 16 и 35 часот во менувачница на улицата Борис Трајковски во Кисела Вода.

Според информациите на МВР, сопственикот на менувачницата пукал во двајца разбојници што се обиделе да го ограбат. Од повредите тие починале на самото место.

„Според првичните сознанија, две засега непознати лица, на чија идентификација се работи, влегле во менувачницата во која се наоѓал сопственикот Г.А. (58) од Скопје. Во обид да извршат разбојништво и вооружени со огнено оружје, настанала физичка пресметка со сопственикот на менувачницата, по што Г.А. посегнал по пиштолот и пукал во правец на напаѓачите што починале на местото на настанот“, велат од МВР.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top