| четврток, 6 декември 2018 |

Тиранската платформа го контаминира и етерот: МРТ2 ќе зрачи само на албански, останатите малцинства на купче ќе добијат МРТ4

Вториот програмски сервис на МРТ ќе биде целосно препуштен на албанската редакција и од него ќе се емитува програма само на албански јазик. За програмите на јазиците на останатите етнички заедници ќе се формира нов канал, МРТ 4.

Министерството за информатичко општество и администрација предложи амандмани на законодавството за медиуми, меѓу кои еден амандман за нов канал наменет за ромската, српската, влашката, турската и босанската заедница, јавува Сител.

Запоставувајќи ги сите останати етнички заедници, кои ќе бидат префрлени на четврти канал, владата одлучи да и препушти цел еден канал на албанската етничка заедница.

Инаку, заедно со формирањето на државен албански ансамбл, ова беше предвидено и во тиранската платформа во која се предвидува „Преземање афирмативни мерки за обезбедување финансирање на албанските културни институции на централно и на локално ниво.“. Минатата недела беше најавено формирање на овој ансамбл, а сега следува и пренамена на МРТ2 од телевизија на етничките заедници во телевизија на Албанците.

Нов проект: 800.000 евра за нов паралелен албански државен ансамбл

За реализација на ваквиот проект ќе треба дополнување на предвидениот буџет на МРТ за следната година, но тоа ќе се прави во зависност од потребите. На крајот, затоа што сега е укината радиодифузната такса, новите средства ќе бидат обезбедени од буџетот кој се полни од граѓаните.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top