Ако се остварат лошите статистички прогнози на ЦИА, до 2050 година во Република Македонија ќе има 4,4 проценти помалку население. Црна Гора ќе има 7,9 отсто помалку граѓани, Хрватска 7,7%, БиХ 8,2 проценти. Романија, исто така, има црна прогноза од 8,2 отсто, а нашиот јужен сосед Грција дури 10 отсто. Најцрна прогноза ЦИА има направено за Србија, каде се предвидува дека ќе има дури 32,2 процента помалку население. Белата чума ја зафаќа цела Европа: Литванија 37,6%, Молдавија 44,1%, Летонија 35,8%. Сегашниот мотор на ЕУ, Германија, ќе има 12,8 проценти помалку население. На оваа прогноза единствено Косово ќе има позитивен биланс во однос на останатите земји и тоа дури 17 проценти повеќе граѓани.
Рекордер по зголемувањето на населението ќе биде Луксембург, кој според проекциите на ЦИА ќе има 48,3% повеќе жители отколку што има денс.
Во топ 5 земји чијашто популација се зголемува се Ирска, Исланд, Шведска и Норвешка. Бројот на жители ќе расте и во Шпанија, Швајцарија, Белгија, Британија, Франција, Австрија, Италија…
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст