Во скопска Кисела Вода среде бел ден насилници со пиштоли во рацете влегле во менувачницата “Македонија”, лоцирана на булеварот “Борис Трајковски”, кај Чешма, и ги побарале парите од сопственикот.
Како што дознава Телма, насилниците со пиштоли се обиделе да му се заканат на сопственикот кој бил внатре. Кога не сакал да им ги даде парите, еден од разбојниците со пиштол го удрил 58-годишниот скопјанец, кој им возвратил на напаѓачите и ги застрелал.
Разбојниците починале на лице место во менувачницата, а веднаш биле повикани и полиција и Брза помош.
Засега не е познат нивниот идентитет, се очекуваат повеќе детали.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст