Сопственик на менувачницата од Кисела Вода изврши двојно убиство. Неофицијално, убиени се две лица кои влегле во менувачницата и сакале да го ограбат. Менувачницата се наоѓа на бул „Борис Трајковски“ спроти споменикот на Тодор Александров.
Од МВР засега нема дополнителни информации, велат дека постои случај во Кисела Вода, но не ги откриваат деталите.
Според информациите од терен до кои дојде Република, сопственикот на менувачницата брзо реагирал и ги застрелал двете лица кои упаднале внатре.
Според извори на Пресс24, ова не е прв ваков случај во менувачницата во скопска Кисела Вода. Пред некое време менувачницата која таму постои со години, била нападната од крадци, а сопственикот бил застрелан. За среќа, куршумот завршил во неговата нога.
Менувачницата се наоѓа во непосредна близина на автобуска станица која секогаш е полна со луѓе.
На местото на настанот се уште има полиција и Брза помош.
Ректарството, разбојништвата и крвавите пресметки стануваат секојдневие по доаѓањето на СДСМ на власт. Статистиките покажуваат дека секојдневно има разбојништва и грабежи, а скоро и да не постои недела без во билтенот на МВР да се појави информација за опожарен автомобил. Скопската чаршија шпекулира дека зад опожарувањата стои рекетарска група блиска до владејачката партија, која ги принудува сопствениците на бизниси да се обезбедуваат кај неа.
Последниот случај, со менувачниата во општина Кисела Вода, потврдува дека граѓаните ја земаат правдата во свои раци и незаштитени од бандите кои ограбуваат, мораат сами да се заштитат и по цена да убијат некого.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.