| четврток, 6 декември 2018 |

Драматично! Нова крвава пресметка во Скопје: Двајца мртви при вооружен напад во Кисела Вода

Од МВР засега нема дополнителни информации, велат дека постои случај во Кисела Вода, но не ги откриваат деталите

Истрели од огнено оружје повторно ги вознемирија скопјани, а улиците на главниот град повторно се натопени со крв.

Неофицијално, убиени се две лица при напад на менувачница во скопската населба Кисела Вода. Менувачницата се наоѓа на бул „Борис Трајковски“ спроти споменикот на Тодор Александров.

Од МВР засега нема дополнителни информации, велат дека постои случај во Кисела Вода, но не ги откриваат деталите.

-Екипи на терен вршат увид на случајот – кратко информираат од МВР.

Според информациите од теренот до кои дојде Република, среде бел ден двајца напаѓачи се обиделе да извршат разбојништво во менувачницата. Лицето во менувачницата одговорило и двајцата напаѓачи најверојатно се починати.

Безбедноста во главниот град последниве месеци е драматично нарушена и скоро секојдневно се бројат жртви по улиците.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top