| четврток, 6 декември 2018 |

Хрватската армија се упати кон Литванија – ќе ја бранеле Европа од Русија (фото)

Вооружените сили на Република Хрватска уште еднаш ја покажаа својата подготвеност за учество во активностите на НАТО алијансата и засилување на нивната присутност во истата.

Кон Република Литванија тргнаа 13 борбени оклопни возила од типот „Patria 8×8 AMV“, заедно со уште едно борбено санитетско оклопно возило „Patria 8×8 AMV“, потоа едно од борбените оклопни возила за извлекување „Patria 8×8 АMV“, четири товарни камиони, еден теренски камион, теренско борбено возило, електроагрегат, вагон наменет за спиење, две теренски моторни возила и 15 контејнери.

Борбените оклопни возила „Patria“ и другата техника и опрема од Вооружените сили на Република Хрватска (OS RH) од системот 1 на хрватскиот контингент е наменет за НАТО активностите со цел засилување на таканаречената предна присутност (enhanced Forward Presence – eFP) од планот на Алијансата. Тие во саботата со организиран транспорт од страна на Хрватската железничка станица се упатија од Загреб кон Република Литванија.

„Со организиран транспорт на Хрватската железница, кон Литванија тргнаа 13 борбени оклопни возила ‘Patria 8×8 AMV’, заедно со едно борбено санитетско оклопно возило ‘Patria 8×8 AMV’, едно од борбените оклопни возила за извлекување ‘Patria 8×8 АMV’, четири товарни камиони, еден теренски камион, теренско борбено возило, електроагрегат, вагон наменет за спиење, две теренски моторни возила и 15 контејнери“, соопштија од службата за односи со јавноста на Министерството за одбрана на Хрватска.

„Со оглед на тоа дека ние сме механизирана пешадија, оваа техника и тоа како ни е потребна за секојдневните активности во склоп на мисиите кои ги извршуваме. Имаме 13 борбени оклопни возила ‘Patria’, едно за замена и едно санитетско, кое служи, ќе забележите, за згрижување на ранетите војници“, изјави заменик-заповедникот на 1 баталјон на „Тигрите“ и припадник на „1-HRVCON-a eFPBG-DEU“, натпоручникот Ведран Мандиќ.

Тој истакна дека опремата ја натовариле заповедници и возачи кои се специјално обучени за изведба на ваков тип активности. Транспортот на воените припадници, оклопните возила во НАТО алијансата за изведбата на акцијата со име „Заповедништво за поддршка“, сите борбени оклопни возила и целата останата опрема се пренесени со соодветно важечките прописи кои се однесуваат на железничкиот промет.

Вооружените сили на Република Хрватска уште еднаш ја покажаа својата подготвеност за учество во НАТО активности за Засилување на предната присутност (enhanced Forward Presence – eFP). Таа се изведува надвор од територијата на Република Хрватска, и по својот опсег и интензитет на транспорт на силите, на Вооружените сили на Република Хрватска, претставува еден од најголемите логистички предизвици.

Во НАТО активностите за засилување на предната присутност во Република Литванија, во првиот хрватски контингент учествуваат 181 припадник на Вооружените сили на Република Хрватска, во склоп на борбените собири под водство на Сојузна Република Германија, а главните сили ги чинат припадниците на механизираниот баталјон од составот на механизираните „Тигри“, и „Гардиската механизирана бригада на Хрватската копнена војска“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top