Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан му порача на раководството на клубот дека не сака ниту еден фудбалер да си замине во јануарскиот преоден рок.
– Не сакам никој да си оди. Сепак во фудбалот се случуваат многу изненадувања. Има и други кои одлучуваат за трансфер политиката на клубот. Не одлучувам само јас, изјави Зидан.
Французинот беше запрашан дали навистина планира да се засилува со голман и напаѓач.
– Тоа се пишува во медиумите, така? Во моментов не сакам да зборувам на оваа тема. Ќе видиме што ќе се случи кога ќе се отвори пазарот, одговори Зидан.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст