| четврток, 6 декември 2018 |

Харадинај: Ќе се интензивираат напорите за трансформација на Косовските безбедносни сили

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај најави дека Приштина ќе ги интензивира напорите за трансформирање на Косовските безбедносни сили во војска.

– Трансформацијата на Косовските безбедносни сили во војска ќе гарантира безбедност за граѓаните на Косово, напиша Харадинај на Фејсбук.

Тој додаде дека процесот на трансформација ќе биде успешен и оти во него ќе бида вклучени сите заедници.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top