| четврток, 6 декември 2018 |

Русија на пат да ја забрани анонимноста во социјалните мрежи и онлајн игрите

Советот за национална безбедност на Русија порачал на контраразузнувањето ФСБ да ги идентификуваат корисниците на онлајн игри и социјалните мрежи со помош на нивните мобилни телефони, пренесе РБК, повикувајќи се на извештај од негова седница, со кој располага. Решението доаѓа неколку месеци откако таков чекор беше одобрен за апликациите за разговор.

На седницата на 26 октомври советот, кој е назначен од претседателот Владимир Путин, побарал од Министерството за комуникации заедно со Федералната служба за безбедност до 1 јуни 2018 година да развијат дополнителни мерки за регулирање на активностите на интернет провајдерите, т.е. од сите ресурси кои им овозможуваат на корисниците можност за размена на пораки. Информациите се достапни во протоколот од состанокот, потпишан од Путин и достапен за РБК, а федерален функционер ја потврди автентичноста.

Станува збор за примена на барањата, кои ќе се применуваат и на чат апликациите од 1 јануари 2018, и на онлајн игри и социјални мрежи. Идејата е корисниците задолжително да бидат идентификувни со број на мобилен телефон и податоците да можат да се пренесат на органите за спроведување на законот по барање.

 

Што се менува

Според сегашното законодавство, интернет провајдерите се обврзани да им ja обезбедат комуникацијаta на корисниците на барање на ФСБ, но не треба да ги идентификуваат. Новиот, од јануари, вклучува измени во законот кои ги обврзуваат добавувачите да ги идентификуваат корисниците на апликациите за разговор. Сопствениците на апликациите ќе потпишат договори со мобилните оператори и ќе бараат нивните мобилни броеви, така што телефонот може да се користи за идентификација на нивниот идентитет во базата на податоци на операторот ако е потребно.

Во регистарот на интернет провајдерите, предводен од регулаторот „Роскомнадзор“, во моментов има неколку десетици апликации за размена на пораки, меѓу кои социјалните мрежи „Контакт“ и „Одноклассники“, сајтови за запознавање, како и „Телеграм“ (последната стана „јаболко на раздорот“ откако нејзиниот творец Павел Дуров долго време одбиваше да го додаде во регистарот).

Новите прописи кои се нудат од страна на Советот за безбедност, ќе значат дека истите чекори за идентификација ќе се бараат и од секој кој сака да стане корисник на социјална мрежа (била таа руска или странска) или да игра во мрежа со други корисници.

„Комуникација меѓу терористите“

Не за прв пат, властите велат дека терористите комуницираат преку игри. Сепак, според некои експерти, мерките се непотребни.

Допрва треба да се разбере како ќе биде организиран процесот – деталите треба да се опишат во подзаконски акти, кои се уште не се запишани, објаснува главниот аналитичар на Руската асоцијација за електронски комуникации Карен Казарјан, цитиран од РБК. Тој потсетува дека почнувајќи од 1 јули следната година интернет провајдерите ќе треба за период од една година да ги чуваат на територијата на Русија сите информации за комуникацијата на корисниците, а до 6 месеци – и содржината нејзина. Според Казарјан, чудно е овие барања да се простираат до онлајн игри и социјалните мрежи, особено предвид дека последните „во принцип и сега бараат од корисниците број на мобилен телефон за потврда на профилот“.

„Се чини дека митот за терористите кои комуницираат во масовни мултиплеер онлајн игри е се уште актуелен“, објаснува Казарјан.

Руските власти постојано изjавувале дека игрите се користат за комуникација меѓу терористи, наведувајќи примери од нападите во Париз, кога според некои информации (последователно ставени под прашање) организаторите ја користеле конзолата „ПС 4“, за да комуницираат едни со други. Претседателот на „Роскомнадзор“, Александар Жаров, истакна во февруари 2016 година, дека при слични игри „не е можно да се утврди дали повиците за стрелање и убивање се однесуваат на „настани од виртуелната игра или за реални терористички напади“. Тогаш тој објасни дека е потребно да се „регулираат“ процесите во онлајн игрите, но прашањето треба да се одлучува на „државно ниво“.

„Чат за „World of Tanks“ може исто така да биде чат за политика“

Според податоците на агенција Mediascope од октомври 2017 година, месечнат публика на најпопуларната во Русија социјална мрежа „ВКонтакте“ е 41.3 милиони луѓе, на „Одноклассники“ – 27.5 милиони, а на „Facebook“ – 19,1 милиони. За онлајн игри, податоците на проектот StreamPub покажуваат дека нивните корисници се 47 милиони минатата година. Податоците на Mail.Ru од 2015-та говорат за околу 43 милиони луѓе.

За да може ефективно да се спроведе законот, ќе треба да им се помогне на руските и на меѓународните компании во индустријата за игри. Според Сергеј Орловски, основач на компанијата за развој на игри „Nival“, неколку од големите компании во индустријата ќе бидат подготвени да ги исполнат барањата.

„Кај раководството на нашата земја има чудна мисла дека за борба против тероризмот мора да се контролираат сите канали за комуникација меѓу луѓето … Како ќе се обидат да ги натераат сите програмери во светот да ги исполнат барањата на руското законодавство откако рускиот пазар е само 2% од светот?“

Извор од рускиот пазар забележува за РБК дека властите можеби не се толку загрижени од терористичка закана, туку од дискусија и координација на митинзи на опозицијата во чатовите. „(Во чатовите на) популарните игри, како што е „World of Tanks“ …, всушност може да се разговара и за политички теми“.

Другите, како што е раководителот на гејминг оделот во „Mail.Ru Group“, Василиј Магурјан, верува дека идентификацијата ќе им овозможи на корисниците да ја заштитат нивната сметка. Сега потврдувањето на профилот се случува или преку пошта, или преку социјалните мрежи, кои „во повеќето случаи се поврзани и со бројот на мобилниот телефон … Новите методи за потврдување ќе даваат повеќе можности за заштита на профилот. Секој ќе може да избира како му е удобно. При оценувањето на соодветноста на ова или она средство за идентификација, ние прво треба да знаеме дали тоа ја прави играта подобра“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top