| четврток, 6 декември 2018 |

Почина „градоначалникот“ на Попова Шапка

На возраст од 74 години почина Сашо Панов, човекот кој беше прогласен за неформален градоначалник на Попова Шапка.

Панов, кој беше режисер во МРТВ, но и еден од најдобрите македонски скијачи по пензионирањето се преселил во својата викендица на Попова Шапка каде што постојано живееле поради што ја добил и „титулата“ градоначалник.

„Со голема тага и жалење Ви соопштуваме дека вчера не напушти нашиот голем пријател, спортист, уметник Сашо Панов или на сите познат како „Градоначалникот“ на Попова Шапка. Попова Шапка повеќе нема да биде иста без неговото знаење, ведар дух и смисла за хумор, како и без неговите дела кои ги красат сите хотели на Попова Шапка.
Драг Пријателе, Попова Шапка, пред се Конак, се гордее што имаше човек како тебе!
Ништо повеќе нема да биде исто без тебе…длабока е празнината што ја оставаш.
Почивај во мир, голем човеку.“ – стои на фан страната на Конак.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top