| четврток, 6 декември 2018 |

Кого лаже Заев?! Македонците или Албанците?!

„Македонија станува двојазична на сите нивоа на државата“, порача пратеникот од ДУИ, Артан Груби за време на гостувањето на Алсат телевизија.

Во врска со реакциите на ВМРО-ДПМНЕ „Дали Македонија станува двојазична или не“ Груби е дециден дека двојазичноста ќе се воведе во сите органи на државата: централната власт, вклучувајќи го и претседателството, Владата, Собранието, општините, додека општинската власт е регулирана преку актуелниот закон.

-Сите органи, како судството, нотаријатот, обвинителството, сите органи ќе зборуваат албански, вклучувајќи ги и граничните премини и се надеваме дека со оценување на Венецијанската комисија по разгледувањето на членот 8 и трите елементи кои се пратени на разгледување таму, како банкнотите и монетите, двојазичноста кај нив, хартиите од вредност, како и униформите на војската, и тие ќе се вметнат во Законот за употреба на јазиците, вели Груби.

Премиерот Зоран Заев излезе со сосема поинаква приказна – апсолутно нема да има двојазичност на сите институции на целата територија на Република Македонија. Законот за јазиците, според Заев, е во согласност со Уставот и со него само ќе се унапредат некои практични потреби на граѓаните кои досега не им биле овозможени.

-Онаму каде што има практична потреба и Уставот го дозволува тоа, законот така и ќе се реализира. Преку него гледам отстранување на некои потреби кои досега биле присутни кај граѓаните, а не биле овозможени. Тоа е унапредување на употребата на јазиците во Република Македонија, рече Заев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top