| четврток, 6 декември 2018 |

Нова снаа во кралското семејство, се подготвува свадба

Британскиот принц Хари и американскaта актерка Меган Маркл се верија, според соопштението од Кенсингтонската палата. Венчавката ќе се одржи на пролет 2018 година.

“Принцот Хари го информирал Нејзиното Височество Кралицата и другите блиски членови на неговото семејство. Принцот Хари, исто така, го побарал и го добил благословот на родителите на г-ѓа Маркл”, објави Кензингтонската Палата во изјавата на Твитер.

Парот ќе живее во Nottingham Cottage во Кенсингтонската палата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top