| четврток, 6 декември 2018 |

Ѕвездата на „Гли“ го тепала сопругот па заврши во затвор!

Ѕвездата на популарната серија „Гли“, Наја Ривера (30) е уапсена во својот дом и приведена поради семејно насилство над сопругот Рајан Дорси.

„Истражителите велат дека е обвинета за семејно насилство. Ни наведоа и дека во тоа е вклучен нејзиниот сопруг, а дека се се случувало во семејниот дом“, стои во веста на локалниот медиум ВСАЗ.

Набрзо откако веста е потврдена, репортерката Кали Гандерсон на
Твитер објавила видео во кое расплаканата актерка стои пред судијата.

Наја е уапсена откако ја пријавил сопругот. Наводно го удрила по главата и му ја разранила долната усна додека биле во прошетка со синот.

Откако е платена кауција од 1.000 долари, Наја излегла на слобода, а по неа дошол свекор и.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top