| четврток, 6 декември 2018 |

Вардар славеше во Струмица, дербито на дното за Победа

Денеска се играа натпреварите од 17 коло во фудбалскиот шампионат на Македонија. Во натпреварот со кој се комплетираше осмата рунда од првенството Вардар како гостин ја совлада Академија Пандев со 2:0, а стрелци на головите беа Максим Максимов и Ацо Стојков.

Во дербито на дното Победа стигна до трите бода откако стрелец на единствениот погодок на мечот со Скопје беше Благоја Гешоски од пенал.

Силекс славеше над Работнички со 2:1. Гостите поведоа со голот на Остоја Стјепановиќ, а пресвртот го донесоа Милош Ѓорѓевиќ и Стојан Стојчевски.

И во Битола, Пелистер и покрај водството од 2:0 на крајот освои само бод во соочувањето со Шкупи, кој во финишот од вториот дел успеа да стигне до нерешен резултат.

ФУДБАЛ – ПРВА ЛИГА / РЕЗУЛТАТИ 17. коло

Пелистер – Шкупи 2:2
Ристе Маркоски 28, Лукас 38 – Благоја Љамчевски 80 (аг), Сухејљ Мухарем 86

Скопје – Победа 0:1

Благоја Гешоски 9 (пен)

Силекс – Работнички 2:1
Милош Ѓорѓевиќ 47, Стојан Стојчевски 63 – Остоја Стјепановиќ 7

НАТПРЕВАР ОД 8. коло

Академија Пандев – Вардар 0:2
Максим Максимов 45, Ацо Стојков 88


ТАБЕЛА

1. Шкендија 17 14 1 2 52:18 43
2. Вардар 15 10 2 3 28:13 32
3. Силекс 17 8 4 5 16:18 28
4. Академија Пандев 16 7 4 5 23:20 25
5. Работнички 16 5 5 6 23:22 20
6. Шкупи 17 5 5 7 15:20 20
7. Победа 17 5 3 9 18:30 18
8. Ренова 17 4 5 8 18:28 17
9. Пелистер 17 4 4 9 19:25 16
10. Скопје 17 1 7 9 8:26 10

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top