САД ќе почнат директни преговори со талибанците, најави неименуван официјален претставник од Белата куќа.
Првиот состанок ќе се одржи во следните неколку дена во престолнината на Катар, Доха каде талибанците треба да отворат нивна канцеларија. Американскиот претставник од Белата куќа кој не сакал да го открие идентитетот за американските медиуми најавил дека талибанците денеска ќе издадат соопштение во кое ќе го осудат користењето на територии во Авганистан за напади на други земји и ќе изразат поддршка за мировен процес во таа држава.
– САД ќе инсистираат талибанците да ги прекинат врските со Ал Каеда, да го прекинат насилството и да го прифатат авганистанскиот устав вклучувајќи ги и одредбите за заштита на жените и малцинствата, рекол изворот.
Претседателот на Авганистан Хамид Карзаи потврдил денеска дека неговата земја наскоро ќе испрати свои претставници во Катар за мировните преговори со талибанците.
Ова е прв значаен чекор во мировниот процес за постигнување прекин на огнот во 12 годишната војна.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


