| четврток, 6 декември 2018 |

Карлеуша го крена во раце Македонецот затоа што пееше дека е дебела (фото)

Велешанецот Александар Темелков и оваа година настапи на Ѕвездите на Гранд.

Тој не доби ниту еден глас по првата песна, но продукцијата му даде шанса да ја испее и втората песна. Тогаш почна хаос. Тој ја пееше „Кило горе, кило доле“ која и ја посвети на Јелена Карлеуша, дојде до нејзиното столче и почна да настапува само за неа.

Пејачката најверојатно се налути, го крена во раце и го врати на сцена. Неговото пеење го сфати како навреда дека е дебела.

По овој настап, Александар ги доби сите гласови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top