| четврток, 6 декември 2018 |

Жител на Куманово нападнат и прободен со нож пред неговиот дом

Во Медицинскиот центар во Куманово со убодна рана во ногата бил донесен Д.П. (26) од Куманово, откако бил нападнат пред неговиот дом.

Вчера во 7 часот, додека Д.П. бил дома, на мобилниот телефон му се јавило непознато лице и побарало да излезе надвор бидејќи требало да му даде нешто. Д.П. излегол надвор и во моментот кога сакал да се поздрави со лицето, од позади грб друго непознато лице го удрило со дрвена рачка од метла. Тој паднал на земја, а непознатите лица почнале да го удират со дрвената рачка, со пластична цевка и со нозе во пределот на телото и главата. Во еден момент, едно од лицата со нож го прободело во пределот на десната нога. Д.П. успеал да избега и да влезе во куќата, од каде бил однесен во Медицински центар Куманово.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top