| четврток, 6 декември 2018 |

Лилјана Петровиќ: „Одам во Крушево, лажат дека не го посетувам гробот на Тоше“

Откако минатиот месец во неколку регионални медиуми беше објавено интервју со Лилјана Петровиќ, менаџерката на Тоше Проески, во кое наводно изјавила дека не оди во Крушево и не го посетува неговиот гроб, таа веднаш се јави со демант на својот Фејсбук профил, информирајќи ја јавноста и илјадниците фанови на Проески кои ја следат на социјалните мрежи, дека интервјуто е измислено.

Деновиве на својот профил, таа објави фотографии од Крушево, потврдувајќи го уште еднаш својот демант, а за „Фокус“ раскажала дека фотографиите ги постирала поради многубројните обожаватели на Проески.

„Јас и во минатото одев на гробот на Тоше. Информацијата дека не сум била цели десет години е голема лага! Овој пат, објавив фотографии од Крушево на социјалните мрежи поради фановите на Тоше. Многу од нив ми пишуваат и сакаат да ги споделувам спомените и фотографиите на Фејсбук. Тажна сум, и тоа никогаш нема да престане!“ – вели Петровиќ, која неодамна била во Македонија, да го посети гробот на Тоше, но и поради професионални обврски, односно бидејќи пејачот од Босна за чија кариера започнала да се грижи од неодамна, ќе започнел да се претставува пред македонските медиуми.

Околу гласините дека ги прекинала контактите со родителите на Тоше по несреќата, и се немаат сретнато цели десет години, вели дека и тоа е само уште една невистина пласирана во јавноста.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top