Утрово најниска температура од минус три степени е измерена во Берово, а максимална, шест, во Дојран.
Како што соопшти УХМР, -2 беше во Скопје Петровец и Струмица, -1 во Крива Паланка и Битола, 0 во Гевгелија, Куманово, Демир Капија, Прилеп, Скопје, Лазарополе и Тетово, еден степен во Штип, два во Пожаране, три во Охрид, Крушево, Тополчани, Претор и Маврово, четири во Ѓуриште и Виница и пет во Дебар.
Во западните делови од Македонија засега е облачно. По одделни котлини има магла и ниска облачност, а во јужниот дел на Повардарието и намалена видливост. Во попладневните часови најпрво во западните делови ќе има врнежи од дожд кои во текот на ноќта ќе се прошират и во другите делови, а на планините во северозападните делови врнежите ќе поминуваат во снег. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер, кој во текот на ноќта ќе го смени правецот во северен.Највисоката температура ќе се движи во интервалот од 10 до 16 степени.
И во Скопје претпладне ќе има магла и ниска облачност. Попладне облачноста ќе се зголемува. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер. Највисоката температура ќе достигне до 11 степени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


