| четврток, 6 декември 2018 |

Дали се работи за пресметка на вооружените банди на СДСМ и ДУИ – детали за синоќешната престрелка во Чаир

Во скопската населба Топанско поле, во општина Чаир, синоќа се случи крвава вооружена пресметка. Среде населено место во чија близина има голем број на згради и објекти, ладнокрвно беше убиено едно лице, а друго тешко рането.Како што се дознава, убиеното лице е Исмет Арифи (викан Кока) од село Блаце кој во престрелка се има здобиено со фатални повреди и умрел во неговиот автомобил „Пасат“ сива боја, на местото каде се случила престрелката.

Тешко повреден е Ќемал Лусјани кој живеел недалеку од местото на инцидентот.

Пред настанот, како што информираат од полицијата, И.А. и Ќ.Л. биле во чајџилницата „Диселдорф“ и кога излегле од таму влегле во возило марка Пасат, кое било паркирано во непосредна близина. И.А. седнал на возачкото место, а Ќ.Л. на совозачкото. Откако го стартувале возилото и се придвижиле во насока од улицата Лазар Трповски во правец кон улицата „Втора Македонска Бригада“, од непосредна близина од страната на возачот, непознат сторител од огнено оружје испукал повеќе куршуми во правец на возилотo, при што со неколку куршуми смртно го застрелал И.А., а со еден куршум го ранил Ќ.Л. во левото рамо, по што избегал.

Според првични информации убиството се случило во вооружена пресметка на бандите на ДУИ и СДСМ во овој дел од Скопје. Во недостаток на официјални информации од институциите,се дознава дека престрелката се случила помеѓу две спротивставени групи кои имале нерасчистени сметки помеѓу себе, а истите биле поради продажбата на дрога.

Убиениот и повредениот биле активисти за СДСМ во кампања, а оние кои пукаа во нив се приврзаници на ДУИ.

-Убиениот е Исмет Арифи (викан Кока), додека сериозно повредениот е Ќемал Лусјани. Исмет бил од селото Блаце, додека Ќемал бил од Чаир. Исмет е познат како личност која на последните избори правеше активноси за СДСМ и често ги изнесуваше неговите ставови против креирањето на политиката на ДУИ. Пријателството на Исмет со ранетиот Ќемал Лусјани може да се потврди со нивните слики на Фејсбук, каде што тие често се заедно. Таков беше случајот минатата ноќ кога биле во автомобилот на Исмет и биле пукани со огнено оружје кое резултирало со смртта на Исмет и сериозната повреда на Кемал, кој и понатаму е под грижа на лекарите во скопската болница- објавува порталот Тетова1.

Убиениот Арифи најактивен бил во кампањата за локалните избори на Петре Шилегов од СДСМ. Со неговиот автомобил делел рекламна содржина за кандидатот на СДСМ и агитирал кај граѓани да гласаат за сопартијците на Зоран Заев. Фотографиите кои се јавно објавени на неговиот Фејсбук профил се јасен доказ дека станува збор за лице кое е дел од бандата на СДСМ.

Кус период пред да биде убиен, Арифи јавно го критикува пратеникот на ДУИ, Ејуп Халими. Не му било прв пат да упатува критики до раководството и поддржувачите на ДУИ, па активистите на Али Ахмети биле гневни кон него.

-Еве и јас да реагирам. Агим Мусшабанај. За Ејуп Халими .. Ејуп Зошто ги предаде другарите на идеалот? Зошто некои пријатели се уште стојат позади тебе или им имаш вметнато страв заедно со Груевски? Зошто некои наши другари од УЧК се во затвор или затоа што не те подржуваа повеќе тебе Ејупе? Зошто некои други не смеат да дојдат во Илирида? Ти и Али ги ставивте во затвор само затоа што не се подржуваши на ДУИ ….. Ејуп синоќа добив повик од една личност. Со името Х. ти го знаеш, некои наши другари го познаваат тоа лице… И ми рече: Ејуп ме предаде. Го прашав како те предаде Ејуп. Ми рече Ејуп ми ја зеде вереницата со која бев верен една година, и скоро секој ден седев со Ејуп и вереницата која сега е негова жена. Јас не му поверував, но кога прашав некои заеднички пријатели ми кажаа дека тоа е вистина. Му ја зеде вереницата. А вереницата е ќерка на поранешниот претседател на В. С.Д.Со ова открив дека ти Ејупе си предавник. Ејупе кај нас албанците викаат дека човек кој допира до честа, тој е предавник и не може дда му се верува. Така да ти му ја допре честа на твојот другар…И ти Ејуп си антинационален- напиша Арифи на својот Фејсбук профил пред да биде крвнички ликвидиран.

Како што неофицијално се дознава, осомничен или приведен за овој крвав настан нема. Полицијата нема никого приведено според информациите од терен.

Се шпекулира дека по коалицирањето на СДСМ и ДУИ се судруваат нивните банди во населени места каде криминалот владее низ улиците. Дополнително вакви насилници добија сила соочени со фактот дека откако Оливер Спасовски е министер за внатрешни работи, а Зоран Заев премиер, убијците и сторителите на други тешки кривични дела, стануваат на слобода.

Оваа крвава престрелка со смртни последици е само една од низата кои изминатиов период се случија во Македонија. За истите никој не одговара, а полицијата на Спасовски повеќе игра улога на заштитник на криминалот отколку на граѓаните.

Македонија е потресена од убиството на Мартин Јанушев, чиј убиец ниту три недели по ладнокрвната ликвидација не е приведен или казнет.

Нема осомничен ниту приведен за престрелката со која приврзаници на ДУИ славеа изборна победа. За пукотниците на изборите при прославите во Шутка и на плоштадот Скендербег, кога Скопје буквално делуваше како град во Сирија – се уште никој не сносил одговорност.

Ниту за пукањата од автомобили во движење никој не одговара.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top