Во Бугарија почна петицијата која ја покренаа бугарските интелектуалци за подрршка на барањето на Македонската православна црква, која од Бугарската патријаршија бара да ја прифати како ќерка-црква и да ја признае нејзината афтокефалност.
Со петицијата интелектуалци, научници, новинари и потомци на познати македонски семејства ја повикуваат Бугарската патријаршија да го прифати барањето и да и стане мајка-црква на МПЦ. Целта на петицијата е општеството да ја изрази својата поддршка кон БПЦ за процесот.
– Свесни сме дека проблемот со признавањето на автокефалноста на МПЦ е прашање, кое воопшто не лесно за решавање, инаку нејзината хиерархија не би се наоѓала во изолација веќе 50 години. Но сметаме дека Бугарската патријаршија ги има сите основи и историски и канонски, да го преземе тешкиот крст и да им помогне на нашите браќа во Република Македонија, нивната црква да го добие своето полноправо место во семејството на православните цркви, се вели во писмото на иницијаторите на петицијата до бугарскиот патријарх Неофит и Светиот синод.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст