Врховниот суд на Република Македонија ги уважи жалбите на одбраната за случајот „Монструм“ за петкратното убиство кај Смилковското Езеро. Првостепената и второстепената пресуда за предметот се укинати и се враќаат на повторно одлучување во Кривичниот суд.
„Врховниот суд на Република Македонија донесе пресуда по предметот, жалбите се уважени, а првостепената и второстепената пресуда се укинуваат, со што предметот е вратен на првостепениот суд на повторно одлучување“, наведено е во денешното соопштение од Врховниот суд.
На 12 април 2012 година кај Смилковско Езеро беа убиени четири момчиња и еден рибар.
За „Монструм“ шест лица беа осудени на казна доживотен затвор под обвинение за тероризам.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст