| четврток, 6 декември 2018 |

Се зголемува бројот на заболени од грип

Во периодот меѓу 13 и 19 ноември регистрирани се 67 случани на заболени од грип, додека вкупниот број за сезоната 2017/18 изнесува 367 лица.

Најголем број заболени се на возраст меѓу 15-64 години, додека најголем број регистрирани случаи минатата недела се пријавени во Гостивар, а вкупно најмногу заболени има во Дебар.

Во однос на заболените по возрасни групи, најголем број заболени се пријавени во возрасната група од 15-64 години – 63,8 отсто, а најголема инциденца се регистрира кај лицата над 65 години.

Вакцинацијата против сезонски грип започна на 17 октомври, а на располагање биле 27.997 дози, од кои се искористени 99,9 отсто од количините, односно се вакцинирале 27.990 лица. Повеќе од 60% од вакцинираните се на возраст од над 65 години, додека пак 75 отсто од вакцинираните се со историја на хронични заболувања.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top