Од наредната седмица се очекува Владата да го одобри основањето на албанскиот државен ансамбл за песни и ора. Државниот секретар при Министерството за Култура, Валмир Азири, во изјава за Телевизија 21 вели дека одлуката е донесена, но се очекуваат последните консултации за формирањето на законот за овој ансамбл да функционира беспрекорно.
-Првиот годишен буџет, земајќи ги предвид платите, инвестициите во костимографијата, инструментите и практичниот дел, е околу 800 илјади евра. Но, ова се буџети кои варираат зависно од потребите кои се појавуваат во текот на формирањето на оваа институција, вели Азири за ТВ 21.
Музичарот, Емин Салихи не се согласува со тоа ансамблот да биде во Тетово и бара тој да биде во Скопје, поради тоа што седиштето на секој државен ансамбл е во главниот град.
-Сите државни ансамбли се наоѓаат во главните градови, како што е Шота во Приштина и Танец во Скопје. И кај нас државниот ансамбл треба да биде во Скопје. Но треба да има дебата и заедничка средба на културните здруженија, уметниците, игроорците, музичарите, за тие да бидат избрани преку комисиите, а не со врски, смета Салих.
Државниот секретар, за ТВ 21 истакна дека моделот за овој ансамбл е земен од македонскиот ансамбл, Танец, а истиот треба да ги прикаже и албанските вредности на сите населени места каде што живеат Албанци во Македонија. Тој вели дека ансамблот ќе биде во Тетово поради практични причини, поради тоа што таму се наоѓа домот на Култура.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст