| четврток, 6 декември 2018 |

Меѓународен симпозиум за балканскиот фолклор во Скопје

Институтот за фолклор „Марко Цепенков“-Скопје денеска и утре организира 19. Меѓународен симпозиум за балкански фолклор на тема „Традиција и современост во фолклорот на балканските народи“.

Учесниците на научниот собир во неколку сесии ќе дискутираат за различни аспекти на народното творештво, како: фолклорот во современиот популарен дискурс, народните верувања и нивниот одраз во книжевните дела, синтаксичката структура на народните умотворби, елементи на фолклорен театар во обредите под маски итн…

Учесници на симпозиумот се проучувачи на фолклорот од Македонија, Бугарија, Русија, Косово, Полска, Грција, Србија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top